
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со директорката Виолета Јаневска и учениците од ОУ „Кочо Рацин“ – Петровец, го посетија Домот за стари лица „Феникс“ во Петровец.
Учениците подготвија кратка приредба со која на највозрасните сограѓани им приредија моменти исполнети со внимание и топлина. По приредбата, заедно со градоначалникот, им беа поделени пригодни подароци како симбол на почит, благодарност и поддршка.
Со вакви активности, Општина Петровец ја потврдува својата посветеност кон грижата за повозрасната популација, со цел создавање заедница во која сите генерации се ценети и уважувани.