Врз основа на член 50 став 1 точка 16, а во врска со став 1 точка 11 од Законот за локална самоуправа (,,Службен Весник на Република Македонија” бр.5/02) и член 33 од Законот за заштита на деца (,,Службен Весник на Република Македонија” бр.23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18, и ,,Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.104/19, 146/19, 275/19, 311/20, 294/21, 150/22, 236/22), Градоначалникот на
Општина Петровец објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
До сите родители/старатели на деца со попреченост до 26 годишна возраст за доделување на еднократна годишна парична помош. Целта на овој повик е да дадеме мала финансиска поддршка за овие семејства и да направиме проценка на индивидуалните потреби на децата со цел да се надминат предизвиците во однос на нивната интеграција во заедницата, образованието и да се подобри нивниот квалитет на живот.
Право да се јават на овој повик имаат само жители на Општина Петровец и се родители/старатели на дете со попреченост до 26 години живот, односно според член 33 од Законот за заштита на деца, дете со:
– пречки во телесниот развој (тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој),
– интелектуална попреченост (умерена, тешка и длабока),
– најтешки облици на хронични заболувања со присутни оштетувања и лимитирани активности,
– оштетен вид (слепо и практично слепи лица),
– оштетен слух (практично глуво и тотално глуво),
– потполно отсуство на говорот, тешко оштетен говор, лице со изгубен или оштетен порано стекнат говор),
– аутизам и
– повеќе видови попреченост (комбинирани пречки во развојот)
Барањето може да се подигне од Архивата на Општина Петровец или да се превземе од веб страната на Општина Петровец (www.petrovec.gov.mk), а во прилог на барањето да се достават следниве документи:
– Фотокопија на важечка лична карта на родител/старател
– Фотокопија од трансакциска сметка на родител/старател
– Наод и мислење од Службата за функционална проценка согласно
Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) или потврда дека е во процес на функционална проценка
– Решение од надлежен центар за социјална работа за видот и степенот на попреченост.
Барањето се доставува лично во Архивата на Општина Петровец или по пошта на адреса ул.1 бб 1043 Петровец.
Барањата треба да се достават до 28.02.2025 година.
Лице за контакт:
Марија Здравковска
Тел.бр.02/2562-239
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Барање |