Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски присуствуваше на првиот годишен концерт кој се одржа синоќа во Домот на АРМ во Скопје, каде свој настап приредија домаќините на Фолклорниот Ансамбл „Етно Ѕуница“ од Петровец, Ф.А. „Плетеница“ од Скопје и гостите од Република Србија од Ф.А. „Карановац“ од Краљево.
На отворањето на овој концерт му беше врачена благодарница од Ф.А. „Етно Ѕуница“ – Петровец, за помошта и поддршката од страна на општината и тој како градоначалник. По доделувањето на благодарницата, свое обраќање пред големиот број на присутни во салата имаше и градоначалникот Митевски, кој се заблагодари до чинителите на овој концерт, гостите од Република Србија како и на сите присутни, кои овозможија оваа културна манифестација да се одржи и помине во најдобро светло, а соработката со фолклорните ансабли од Република Србија ќе продолжи и во иднина, со цел уште поголемо зближување на двата братски народа.