ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за Реконструкција на пристапни улици: 7, 11, 12, 13, 14, 15 во Урбан Блок 6, с.Ржаничино, КП 15/1, општина Петровец
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Петровец аплицираше со проект за „ Реконструкција на пристапни улици: 7, 11, 12, 13, 14, 15 во Урбан Блок 6, с.Ржаничино, КП 15/1 , општина Петровец“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 01.07.2024 година официјалните веб страници на:
- Општина Петровец: https://www.petrovec.gov.mk/
- ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Формулар за поднесување на коментари | |
Контролна Листа на ПУЖССА општина Петровец |