Известувања|

Врз основа на Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ бр. 32/20, 111/23 и 171/24) Општина Петровец го донесува следното:

СООПШТЕНИЕ

Општина Петровец ги известува сите правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации од просторот дека го става на јавен увид на јавноста Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со класа на намена Г2.2 – Лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други, на КП 1/18, КО Р’жаничино и КП 1259/2, КП 1259/3, КП 1264, КП 1265/1 и КП 1265/2, КО Ќојлија, Општина Петровец (изменување и дополнување), со технички бр. 29/25 изработен од Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес. Јавниот увид ќе трае 15 дена односно од 04.09.2025г до 18.09.2025г.
Соопштението за организирање на јавен увид се објавува на веб страната на општина Петровец. За време на јавниот увид, заинтересираните правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со класа на намена Г2.2 – Лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други, на КП 1/18, КО Р’жаничино и КП 1259/2, КП 1259/3, КП 1264, КП 1265/1 и КП 1265/2, КО Ќојлија, Општина Петровец (изменување и дополнување) може да достават забелешки и/или предлози во општинската зграда на Општина Петровец кои ќе бидат разгледувани од страна на комисијата за урбанизам.

Раководител на одделение:
Бинаса Кадриќ, дги

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски

Comments are closed.

Close Search Window