Почитувани жители на Општина Петровец,
До денес завршивме со чистење на дивите депонии во населено место Петровец лоцирани во близина на православните гробишта. Завршивме со чистење на дивита депонија во Огњанци која се простираше покрај насипот па се до Црквата Св.Илија. Исто така ја исчистивме и дивата депонија која беше лоцирана на излезот од Ржаничино.
Во периодот кој следи ќе продолжиме со акцијата за чистење на дивите депонии и во останатите населени места на целата територија на општината.

В А Ж Н О
Ве известуваме за секое понатамошно одлагање на смет претходно да се јавите во ЈКП Петровец на тел.број : 075 / 211-824 за да ве упатат на која локација да го сторите одлагањето на смет.
Исто така , жителите на н.м.Огњанци се замолуваат за секое одлагање на смет да го исконтактираат претседателот на Месната заедница – Горан на тел. број 070/250-488 за да бидете упатени на локацијата каде можете да го одложите сметот,со цел да се избегне создавање на грда слика од одложувањто секаков отпад на несоодветни локации.
Н А П О М Е Н А
Доколку не се почитуваат дадените насоките од наша страна, лицата кои ќе бидат затекнати на лице место како несовесно го одложуваат сметот на места кои не се одредени од страна на надлежните,ќе бидат соодветно санкционирани согласно важечките законски прописи.
Сите заедно мораме да работиме на одржување на чистотата во средината каде живееме и секојдневно престојуваме, бидејки само со грижа за животната средина Општина Петровец ќе ја направиме прекрасно место за живеење,како за нас така и за генерациите кои доаѓаат после нас.



