Вести|

Денес се одбележуваат 13 години од хеликоптерската несреќа кај с. Блаце – Катлановско, во која загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ. Единаесетте македонски мировници загинаа на 12 јануари 2008 година, на враќање од мировната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

По тој повод градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска и Цветан Трипуновски, положија свежо цвеќе на спомен обележјето на местото на хелкоптерската несреќа.

Comments are closed.

Close Search Window