Денес, по повод Денот на Општина Петровец, 6-ти Мај – Ѓурѓовден, во Спортската сала во Петровец се одржа богата културно-уметничка програма. Настапуваа учениците од двете основни училишта, од „Кочо Рацин“ – Петровец и „Братство и Единство“ од Средно Коњари, кои со песни и игри се претставија пред големиот број на присутни гости кои беа дојдени скоро од сите населени места на Општина Петровец. Пред присутните гости се обрати градоначалникот Борче Митевски и се заблагодари на големиот број присутни граѓани кои денес дојдоа заеднички да го прослават Денот на Општина Петровец 6-ти Мај – Ѓурѓовден.
Кратко се осврна за се што е сработено во изминатите неколку месеци и што следи да се сработи во иднина. Воедно, на сите жители кои го слават денешниот празник Ѓурѓовден им го честиташе празникот. Пред присутните се обрати и председателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, кој покрај упатените честитки, се осврна и на резултатите кои се постигнати од формирањето на овој Совет секако заеднички во соработка со градоначалникот Борче Митевски, општинската администрација и останатите чинители кои учествувле за успешно спроведените проекти. За најуспешните ученици кои се истакнале во одредени области и кои дале свој личен допринос во развојот, афирмацијата и промоцијата на Општина Петровец, градоначалникот Митевски им додели благодарници. Нека е за многу години празникот Ѓурговден и уште долги години да се слави денот на Општина Петровец – 6-ти Мај.