Вести|

Во населено место Катланово се изгради уште една пешачка патека во должина од 600 метри како и една улица крак на улица 1 во должина од 100 метри, поплочени со павер елементи (бекатон плочки).

Средствата за овие реализирани проекти се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Ваквите и слични градежни активности ќе продолжат и во периодот кој следи и тоа редоследно во населените места Ржаничино, Долно Коњари, Сушица и Горно Коњари, се со цел подобрување на условите за живеење во Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт