Вести|

Општина Петровец започна со замена на светилките од уличното осветлување покрај регионалниот пат Р- 1103 во населените места Петровец и Ржаничино. Со отстранувањето на постоечките светилки веднаш на исто место се поставуваат енергетско ефикасни (штедливи) светилки се со цел заштеда на електричната енергија. Финансиските стретства за замена на осветлувањето во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Се очекува истите во целост да бидат заменети за десетина дена.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт