Општината Петровец се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската котлина и непосредно припаѓа на долното сливно подрачје помеѓу реката Вардар и реката Пчиња. Во западниот дел, десно се наоѓа рамништето на Скопското Поле, додека на левата страна од реката, покрај нејзината алувијална рамнина спрема отовичкото подрачје, се издига ридско земјиште како просторен дел, познат под името Катлановски Рид.
Низ општината поминуваат магистралниот државен автопат А1, како и регионалниот пат Р1102 кој води од Скопје до Катланово. Тука е сместен и меѓународниот Скопски Аеродром.
Според проценка од 2016, општина Петровец има 9.089 жители. Според пописот од 2002 година општината има 8.255 жители.
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 4.246 | 51,43 |
Албанци | 1.887 | 22,86 |
Турци | 75 | 0,91 |
Роми | 134 | 1,62 |
Власи | 0 | 0,00 |
Срби | 415 | 5,03 |
Бошњаци | 1.446 | 17,47 |
други | 56 | 0,68 |
Јазик | Вкупно |
---|---|
македонски | 4.320 |
албански | 1.910 |
турски | 72 |
ромски | 115 |
влашки | 0 |
српски | 347 |
бошњачки | 521 |
други | 970 |