Борче Митевски

 
Роден 1961 година во Р. Македонија
Место на живеење: Петровец
Професија: Економист
На должност во функција Градоначалник на Општина Петровец од 2009 година
Првото работно место на Митевски е во далечната 1980 на функција „Маркетинг контрола“ во ЗЕМ Промет АД. Во 1991 година станал член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во 1993 година се вработува во ЈПАУ Македонија – Аеродром „Александар Велики“ како шеф на службата за физичко обезбедување, каде работи до 2008 година – се до својот прв мандат како Градоначалник на Општина Петровец.

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

– Ја претставува и застапува Општината;
– Ја контролира законитоста на прописите на Советот;
– Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
– Го обезбедува извршувањето на работите кои што со Закон и се делигирани на Општината;
– Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот;
– Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на Буџетот на Општината
– Го извршува Буџетот на Општината;
– Избира директори на јавните служби кои ги основала Општината, врз основа на јавен конкурс;
– Донесува решенија за утврдување на данокот на имот за имот кој се наоѓа на територија на Општината;
– Води евиденција за угостителските објекти и за работно време на угостителските објекти кои работат на територија на Општината;
– Склучува договори за закуп на објекти или делови на објекти на јавни установи со и без опрема за потребите на Општината;
– Должен е веднаш да го извести Министерството надлежно за вршење на работите од областа на локалната сампуправа за настанување на еден од условите за предвремено распуштање на советот;
– При привремено распуштање на советот до избор на нов совет, ги извршува работите од надлежност на советот со определени ограничувања со закон;
– Член е на Координативното тело на градоначалниците на град Скопје и на Општините во град Скопје за остварување на меѓусебна соработка и решавање на прашања од заеденички интерес;
– Подготвува Ребаланс на буџет во насока на надминување и финансиска нестабилност на Општината која го одобрува Комисијата формирана за надминување на финсиска нестабилност на Општината;
– Редовно го извесува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
– Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со статутот;
– Донесува Правилник за Систематизација на работните места на Општинската администрација;
– Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со Закон;
– Обезбедува правилно и законито користење, и заштита на сопственоста на Општината, во согласност со Закон и Статут и
– Врши други работи утврдени со Закон и со Статутот;

Comments are closed.

Close Search Window