Бр. 09-1324/1
Од 24.08.2020 год.
Општина Петровец


Врз основа на член 46 од Закон за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија број 32/2020), Градоначалникот на општина Петровец го издава следното

СООПШТЕНИЕ

се известуваат граѓаните, невладини организации, здруженија, стручни лица од областа на урбанистичко планиање и одржлив развој на територијата на општина Петровец дека се распишува


ЈАВЕН ОГЛАС
за доброволно пријавени лица

Се известуваат граѓаните, невладини организации, здруженија, стручни лица од областа на урбанистичко планиање и одржлив развој на територијата на општина Петровец дека се објавува јавен оглас за доброволно пријавување за членување во Партиципативното тело врз основа на член 46 од Закон за просторно и урбанистичко планирање.
Јавниот повик ќе трае 30 дена, односно во периодот од 24.08.2020 година до 23.09.2020 година.
Секое заинтересирано лице во текот на јавникот оглас може да достави пријава во писмена форма преку архивата на општина Петровец.
Учеството на лицата вработени во единицата на локалната самоуправа во партиципативното тело е по службена должност , а на лицата што не се вработени во единицата на локалната самоуправа учеството е на доброволна основа.
Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на општина Петровец и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општина Петровец.
Начин на работа и број на членови на партиципативното тело се уредуваат во деловникот на партиципативното тело што го донесува советот на општина Петровец, при што бројот на граѓанските членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс

Comments are closed.

Close Search Window