Настани

СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА ПОВЕКЕНАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО Р'ЖАНИЧИНО

Понеделник, 01 Декември 2014 15:44

На 29.11.2014 година  градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски , директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Пратеникот во Собранието на Република Македонија г-ин Влатко Ѓорчев со свечено сечење на лента го предадоа во употреба повеќенаменското игралиште во с.Ржаничино.Повеќенаменското игралиште, кое е дел од владиниот проект за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава, е со површина од 1.300 метри и со димензии 45 x 28 метри квадратни. Игралиштето може да се користи за играње мал фудбал, кошарка, серва, ракомет и други игри и ќе биде место кое ќе претставува одлична поддршка за сите спортисти и сите граѓани на општината. Покрај тоа ќе може да се користи и во вечерните часови бидејќи е осветленo со рефлектори.

011234HPIM3171HPIM3185HPIM3200HPIM3203HPIM3211HPIM3215HPIM5808HPIM5822HPIM5834HPIM5841

 

ЧИСТЕЊЕ НА ДЕПОНИЈАТА ВО ОГЊАНЦИ

Понеделник, 01 Декември 2014 15:22

ОЧИСТЕНА НАЈГОЛЕМАТА ДЕПОНИЈА ВО ОГЊАНЦИ

Со децении наназад несовесните жители на населено место Огњанци голем дел од својот отпад го исфрлаа на дивата депонија создадена од нив самите.Оваа дива депонија е во близина на црквата Св.Илија и  претставува лоша слика за ова населено место.Депонијата се протегаше на 20.000 метри квадратни и истата е во целост расчистена, во кое расчистување беше вклучена и механизација.На одговорните лица на месната заедница на ова населено место градоначалникот Борче Митевски им посочи да ги информираат жителите за да се грижат за екологијата во средината во која живеат и во иднина сметот да се исфрла на соодветните места наменети за смет канти,контејнери и сл.

HPIM5766HPIM5769HPIM5772HPIM5773HPIM5774HPIM5778

 

ПОПЛОЧЕНА УЛИЦА ВО Н.М. КАТЛАНОВО

Среда, 12 Ноември 2014 19:43

ПОПЛОЧЕНА УЛИЦА СО ПАВЕР ЕЛЕМЕНТИ ВО ДОЛЖИНА ОД 160 МЕТРИ ВО Н.М. КАТЛАНОВО

Уште една улица е поплочена со павер елементи во населено место Катланово во должина од 270 метри.Жителите на овој дел од  Катланово имаа отежнато движење по оваа улица особено кога ќе започнат дождовите.Сега тој проблем е надминат и истите добија модерна улица по која слободно и без потешкотии ке мозат да се движат по истата.Финансиските сретствата за поплочување на оваа улица се издвоени од Будјетот на Општина Петровец и изнесуваат околу 800.000 денари . 

HPIM5626HPIM5627HPIM5628HPIM5629HPIM5630

 

ХУМАНИТАРЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Среда, 29 Октомври 2014 08:20

  Во спортската сала во Петровец на 25 и 26 Октомври се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал со цел прибирање на парични сретства за да му се помогне на малиот Виктор потребни за операцијата која ке му овозможи  да го продолжи животот како и секое друго дете.По тој повод се организирање и овој турнир на кој земаа учество 28 спортски екипи.Подрдшка  во оваа акција даде и градоначалникот Борче Митевски кој беше присутен на овој турнир кој воедно додели маици на учесниците со логото СО СРЦЕ ЗА ВИКОТОР и пехар на првопласираната екипа.Секогаш овие хуманитарни акции биле поддржани од страна на градоначалникот и Општина Петровец се со цел да им се помогне на сите оние на кој им е потребна помош.

20141026_19495920141026_19501020141026_19521420141026_195300HPIM5473HPIM5498HPIM5501HPIM5515HPIM5516HPIM5523HPIM5524HPIM5527HPIM5530HPIM5542HPIM5546HPIM5548

 

КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ПОМОШНА ПРОСТОРИЈА ВО ДВОРОТ НА ЦРКВАТА СВ.ТРОЈЦА ВО РЖАНИЧИНО

Среда, 15 Октомври 2014 07:50

  На 13.10.2014 година во дворот на црквата Св.Тројца во Ржаничино се постави камен темелник на помошна просторија (кујна и трпезарија) на која свеченост учество зема градоначалникот Борче Митевски  и претставници од црковниот одбор .

HPIM5321HPIM5322HPIM5323HPIM5348HPIM5353HPIM5354HPIM5355HPIM5356HPIM5357HPIM5359HPIM5361HPIM5364HPIM5366HPIM5378HPIM5382