Настани

МИНИСТЕРОТ ДИМЕ СПАСОВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

Вторник, 22 Септември 2015 17:32
Градоначалникот Борче Митевски заедно со Министерот за труд и социјална политика

Диме Спасов остварија средба со жителите на Катланово и ги слушнаа нивните потреби и

барања упатени до ресорнито министерство со цел подобрување на условите и услугите

пред се за пензионерите и проблемите со кој се соочуваат како и изнаоѓање начин за

нивно решавање.Воедно беа во посета и на Катлановска Бања каде се запознаа со

условите во кој пациентите ги користат бањско-рекреативните услуги.

Градоначалникот Борче Митевски и Министерот за труд и социјална политика Диме

Спасов денеска разговараа со пензионерите во Катлановска бања кои ја користат

бесплатната услуга за бањско климатска рекреација што им ја овозможува државата.

Министерството за труд и социјална политика го објави јавникот повик за корисниците на

пензија за користење на проектот бесплатна бањско-климатска рекреација за 2016 година.

Грижата за здравјето и здравиот начин на живот се особено важни во староста, бидејќи го

продолжуваат животниот век но е од интерес и за самата држава.

Пензионерите кои се сместени во Катлановска бања посочија дека се задоволни од

условите, некои од нив никогаш не можеле да си дозволат да посетат некоја бања.

Изразија надеж дека проектот ќе продолжи и во иднина и оти уште поголем број од нив ќе

можат да ја искористат оваа бесплатна услуга.

Воедно Министерот заедно со градоначалникот беа во посета на семејството на

опожарената куќа во с.Сушица и им доставија хуманитарна помош во ќебиња, храна и

хигиенски средства а воедно ќе им обезбедат и парична помош за санирање на штетите и

обезбедување на услови за нормално живеење и топол дом. Градоначалникот Борче

Митевски вети дека веднаш ќе им бидат префрлени сретствата од 60.000 денари по

семејство односно 120.000 денари за двете семејства.Парични сретства ќе обезбеди и

ресорното министерство се со цел да им се излезе во пресрет на овие семејства. 10624976_1654249684844915_5807750893974232093_n11011209_1654251384844745_6899481114081245684_n11053342_1654250604844823_1307546243023280345_n11146600_1654250144844869_4146879329490496508_n11215866_1654249651511585_2148681016776237661_n11219220_1654250054844878_6126552382043734029_n11990635_1654249544844929_6586721258681960973_n12002318_1654249964844887_4911393250287077723_n12006117_1654249624844921_1537468270907620186_n12011271_1654250778178139_7614179655390390511_n12011398_1654250948178122_8333060072874964620_n12019798_1654250071511543_8001574668872064055_n12032069_1654251031511447_2836270402745726630_n12032132_1654251564844727_7613951776804641560_n12032134_1654251091511441_8841664983516281847_n12032969_1654250781511472_3039208560718387017_n12036841_1654251468178070_4850680014171519382_n12036989_1654250861511464_6013179290668924088_n12046697_1654250468178170_2147826729611990937_n
 

ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА СО СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА ЗА ПРВАЧИЊАТА

Вторник, 01 Септември 2015 18:55
Учебната година 2015/2016 година започна со свечена приредба за првачињата кој за прв пат

седнуваат во училишните клупи .Градоначалникот Борче Митевски ги посети училиштата

,,Коцо Рацин,, во Петровец ,Огњанци и Катланово на првиот училишен ден.Во новата училишна

зграда во ЦОУ,,Кочо Рацин,,- Петровец и во ПУ ,,Кочо Рацин,, од Огњанци се одржа и

приредба каде свечено беа пречекани првачињата на првиот училишен час а првиот

училишен час час го означи стартот на новата учебна година. Училиштата повторно

полни  со ученици, меѓу кои највозбудени беа првоодделенците за кои во секое од

основните училишта беа подготвени пригодни свечености на кои им се посака добар

успех во школувањето и топло добредојде, како што рече директорката на ОУ Кочо

Рацин Прличев“, Виолета Јаневска , во нивниот втор дом.

Првачињата и нивните родители беа поздравени и од страна на градоначалникот Борче

Митевски , кој потенцира дека новата локална власт во целост ја подржува владината

програма „Знаењето е сила, знаењето е моќ“  и дека е подготвена во иднина да

реализира  уште многу проекти кои ќе овозможат подобрување на условите за одвивање

на образовниот процес во општина Петровец

- На првачињата им посакувам овој ден да им биде исполнет со многу радост и смеа и

таквата позитивна енергија да ги следи до последниот училишен ден. Се надевам дека

останатите ученици се одморија и со нетрпение очекуваа пак да седнат во училишните

клупи. Образованието е континуиран процес и многу важен животен предизвик кој треба

успешно да се совлада, бидејќи стекнатото знаење постојано ќе ве придружува низ

животот, им порача на првачињата градоначалникот Митевски.
10354132_1646888518914365_3022972850427838106_n10612644_1646887728914444_9141089922275060718_n11054820_1646888648914352_274877609425342554_n11218889_1646888592247691_6793095608115629128_n11225320_1646888405581043_5028579703076087741_n11231324_1646888205581063_3346079428189953153_n11752461_1646888095581074_5521041110294364808_n11949553_1646887758914441_3832238506748764544_n11951280_1646887848914432_3813315291096152431_n11951390_1646888102247740_6263448553259352742_n11952028_1646888245581059_4175123877772425376_n11952999_1646889042247646_6904527144374204511_n11953221_1646889088914308_6737058639270892972_n11954639_1646887762247774_6702996507523834243_n
 
 

КАМЕНТЕМЕЛНИК НА НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ПЕТРОВЕЦ

Понеделник, 17 Август 2015 19:37
На 15.08.2015 година, во населено место Петровец до веќе постоечката градинка се

постави каментемелник на нова детска градинка која е со површина од 350 м2 и ќе биде со

капацитет до 80 дечиња.Вредноста на овој објект чини 15.000.000,00 денари од кој

10.000.000,00 денри се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец а 5.000.000,00

денари се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.На овој свечен чин

покрај градоначалникот на Општина Петровец г-дин Борче Митевски присуствуваше и

Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски,Министерот за труд и

социјална политика г-дин Диме Спасов.Со изградбата на овој значаен објект ќе се реши

проблемот од недоволен број на места за прием на дечиња од предшколска возраст а

голем број дечиња веќе чекаат да бидат примени наесен во овој нов објект. 10422120_1640438986225985_1109179319047834000_n11201822_1640440226225861_8712460674486174837_n11216241_1640440479559169_2735980158747668865_n11221592_1640440239559193_693568815571180520_n11855737_1640440512892499_3011359075071494740_n11902323_1640440589559158_7706591357523956670_n11903852_1640439999559217_3443057138806694560_n11903911_1640440276225856_7797079372247041059_n
 

ЛЕТО БЕЗ ПОЖАРИ 2015

Понеделник, 20 Јули 2015 21:34
Како пред секоја летна сезона така и годинава Полициската станица Гази Баба и и Општина 

Петровец организараа заедничка проект под наслов „ Лето без пожари“. На учесниците во

сообраќајот градоначалникот Борце Митевски им делеше флаери и шишиња со вода. На

флаерите има упатства за однесување на возачите и сите учесници во сообраќајот за време на

летниот период, а со цел , намалување на ризиците за предизвикување на пожари и

сообраќајни несреќи предизвикани од невнимание( фрлање на отпушоци преку

автомобилските прозори) или од високите температури кај лица со ризик по здравјето ,

(повишен крвен притисок и слично).
150752_1628550767414807_3445378927002940864_n10153679_1628550710748146_6294572525565342248_n10524612_1628550720748145_1914994542722464085_n11701067_1628550777414806_2738807531450552447_n11750711_1628550717414812_5642829198126900121_n11750737_1628550780748139_3406702567331946997_n11755844_1628550694081481_3130412938618237054_n11760169_1628550774081473_2768234975642511124_n
 
 

СПРЕЧЕН ПОЖАР ОД ПОГОЛЕМ ОБЕМ ОКОЛУ НАСЕЛЕНО МЕСТО ЧИФЛИК

Вторник, 14 Јули 2015 20:45
На 11.07.2015 година во близина на населеното место Чифлик избувнал пожар кој ги зафатил

стрништата .Огнот брзо се ширел кој претставувал опасност да и населеното место Чивлик

биде зафатено од истиот. Но со брза интервенција на противпожарното возило со кое

располага Општина Петровец, истиот во голем дел беше изгаснат.На самото место пристигнала

и екипа од противпожарната единица на Град Скопје и истиот во целост беше изгаснат и

спречено негово понатамошно ширење.
20150711_17493520150711_17493820150711_17494220150711_174946