Вести

АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТОТ ВО ОГЊАНЦИ

    Во Огњанци се изврши афалтирање на патот се до центарот во должина од 770 метри како продолжение на претходно асфалтираните 1100 метра кој водеа до влезот на селото.Со децении наназад патот до селото и во селото беше во катастрофална ситуација полн со дупки по кој отежнато се движеа возилата.Сега веќе тоа е минато.Асфалтирани се приближно два километра пат  со сретства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка преку програмата за поддршка на руралните неразвиени подрачја.Вредноста на овој проект изнесува околу 4.500.000 денари.

HPIM2940HPIM2943HPIM2944HPIM2951HPIM2953HPIM2957HPIM2962HPIM2967HPIM2968HPIM2970
 

ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА АМБУЛАНТАТА ВО КАТЛАНОВО

На 24.04.2014 година се пушти во употреба новоизградената амбуланта каде жителите на ова населено место и од околните населени места ќе можат да ги добијат здравствените услуги.  Со отворањето на оваа амбуланта жителите на Катланово и од околните населени места не ќе треба да поминуваат по десетина километри пат за да добијат здравствен третман кој им е неопходен.На отворањето на оваа здравствена установа присуствуваа градоначалникот Борче Митевски,директорката  д-р Светлана Златанова и персоналот од  ПЗУ – МЕДИКАЦИО , претставници од Советот на Општина Петровец и голем број на жители од месното население.

HPIM2838HPIM2846HPIM2865HPIM2869HPIM2871HPIM2872HPIM2876HPIM2887HPIM2892HPIM2894HPIM2895HPIM2914

 

МАКЕДОНИЈА, ЗЕМЈА НА ЦВЕЌЕТО, МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА РОЗИТЕ

Во рамките на акцијата „Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите“ на 21 Март 2014 година во Општина Петровец  се засадија 300 садници со рози .Рози се садеа во училиштата , на  плоштадот во Петровец и на други  јавни површини каде активно учество зема и градоначалникот Борче Митевски заедно со општинската администрација,учениците од сите училиштата заедно со нивните наставници.

HPIM2392HPIM2389HPIM2378HPIM2385HPIM2393HPIM2396HPIM2398HPIM2401

 

Спомен плоча во Катланово

Спомен плоча во Катланово за загинатите во граѓанската војна во Грција

Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, на 15 март на влезот на Катлановска бања, со почеток во 11 часот, беше откриен Споменик на ранетите и починатите Македонци и Грци – борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во Болницата во Катлановска бања 1947-1948 година.

HPIM2135HPIM2138HPIM2140

На откривањето на Споменикот присуствуваа градоначалникот Борче Митевски и претставници од Советот на општината и општинската администрација,делегации на речиси сите здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Република Македонија, како и бројни граѓани. По откривањето на Споменикот свежо цвеќе на Споменикот, положија делегации на општина Петровец, Катлановска бања, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Светскиот Македонски Конгрес, Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушодари од Лерин – Скопје, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Здружението на политичките затвореници судени, прогонувани и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ЅВЕЗДА од Велес, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија СВЕТИ ГЕРМАН од Скопје, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ од Скопје и Славјанскиот универзитет од Свети Николе, а потоа уследи културно-уметничка програма со учениците и студентите од Ансамблот “Македонија“ со песни и носии од Егејот, оперската певица Валентина Демитриоска и Ристо Краповски. Стихови рецитираа поетесата Виолета Сековска и поетот Мирче Нешовски.

HPIM2141HPIM2081HPIM2099HPIM2114HPIM2127HPIM2143HPIM2144HPIM2145HPIM2146

 

ДЕН НА ИДЕИТЕ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

    На 8-ми Март во центарот на Петровец се организираше акција ,,ДЕН НА ИДЕИТЕ,, каде граѓаните на Општина Петровец можеа да дадат свој придонес со давање на идеи со кој би се подобриле условите за живеење во општината.На овој  меѓународен ден на жената градоначалникот Борче Митевски на припадничкиот на понежниот пол им додели по еден цвет.


HPIM1970HPIM1982HPIM1988HPIM1991HPIM1992HPIM2010
 

Страница 9 од 15

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>