Вести

ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА 2014

ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА  СО СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА ЗА ПРВАЧИЊАТА

   Учебната година 2014/2015 година започна со свечена приредба за првачињата кој за прв пат седнуваат во училишните клупи.Градоначалникот Борче Митевски посети неколку училишта на првиот училишен ден каде ги поздрави првачињата и им посака топло добредојде и успех во понатамошното образованието а воедно беа почестени  со кондиторски производи.Во новата спортска сала во Ц.О.У.,,Кочо Рацин,,- Петровец  се одржа и приредба  каде свечено беа пречекани првачињата на првиот училишен час.

HPIM4769HPIM4775HPIM4782HPIM4783HPIM4797HPIM4800HPIM4803HPIM4811HPIM4821HPIM4824HPIM4844HPIM4872HPIM4873HPIM4874

 

ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ЧИФЛИК

СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ НА НОВО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ 

ЗА МАЛ ФУДБАЛ ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО ЧИФЛИК

   Уште едно остварување  од предизборните ветувањата на градоначалникот Борче Митевски е реализиаро со проектот фудбалско игралште во населено место Чифлик.За краток временски период и со сопствени сретства издвоени од Буџетот на Општина Петровец, никна уште едно фудбалско игралиште,каде малдите и учениците од ова населено место ке можат дасе забавуваат,спортуваат и рекреираат.Ова игралиште е изградено во училишниот двор на подрачното основно училиште,,Братство – Единство,,од Чифлик,и истото ќе служи за реализирање и одржување на спортските активности зацртани во програмите на образовниот систем.Голема благодарност до градоначалникот Борче Митевски изразија пред се најмладите жители на ова населено место,учениците и младината,кој и во најголема мера ќе го користат ова игралиште за мал фудбал.На свеченото отварање на ова фудбалско игралиште присуствуваше и Пратеникот во Собранието на Република Македонија Влатко Ѓорчев кој редовно ја посетува Општина Петровец.

HPIM4684HPIM4693HPIM4698HPIM4699HPIM4644HPIM4646HPIM4663HPIM4672HPIM4670

 

ВЕЧЕРА ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

По повод верскиот празник Рамазан Бајрам ,градоначалникот Борче Митевски ги почести со вечера пеесет  жители од повозрасните генерации од муслиманска вероисповест .Овакви вечери по повод верскиот муслимански празник Рамазан Бајрам ќе се организираат традиционално и во наредните години .   

20140723_20485220140723_20501720140723_205120

 

"МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД" 2014

                 Министерството за животна средина организираше  акцијата за расчистување на диводепонираниот отпад под мотото  "Македонија без отпад.

- Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со асоцијацијата „Ајде Македонија“, а во соработка со сите релевантни институции, трета година по ред ја поддржува кампањата „Македонија без отпад“. Ваквите активности се поддржани и од Владата и се од особено значење бидејќи придонесуваат не само за подигање на свеста кај граѓаните, туку се двигатели на конкретните активности за расчистување на диводепонираниот отпад што бара многу посериозни зафати и системски решенија .
По повод акцијата ,,Македонија без отпад,, и Општина Петровец презеде активности во тој правец  а се реализираа во Катлановска Бања, каде на активнистите им се приклучија директорот на Управата за животна средина Игор Трајковски и градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски,претставници од АРМ , од Советот на Општина Петровец и општинската администрација ,жители од месното насаеление и други граѓани кој дадоа свој придонес во оваа акција.

HPIM4213HPIM4214HPIM4217HPIM4240HPIM4250HPIM4253HPIM4266HPIM4270HPIM4283HPIM4291HPIM4296IMG_9405IMG_9414IMG_9418IMG_9419

 

АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ПОЛ ВОЛЕР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

Американскиот амбасадор во Република Македонија Пол Волер беше во работна посета кај градоначалникот Борче Митевски во  Општина Петровец.Во Едночасовниот разговор амбасадорот беше запознаен за состојбата во која се наога Општината,за активностите кој се превземаат околу канализацијата,изградбата на новата училишна зграда,санацијата на сите училишни згради кој се на територијата на општината ,мултифункционалната зона Којлија,продажбата на земјиштето и заинтересираноста на инвеститорита за инвестирање во општината.Амбасадорот беше воодушевен од приемот на градоначалникот и од постигнатите резултати кој Општина Петровец ги постигна за кратко време.

1HPIM39882HPIM39943HPIM40044HPIM4008HPIM4017HPIM4020HPIM4029HPIM4032HPIM4034

 

Страница 7 од 15

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>