Вести

ПОПРАВКА И ТАМПОНИРАНЈЕ НА УЛИЦИ ВО ПЕТРОВЕЦ И ОГЊАНЦИ

ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО ОГЊАНЦИ СЕ ТАМПОНИРАШЕ ПАТ ВО ДОЛЖИНА ОД 200 МЕТРИ...И СЕ ПОСИПА СО ТАМПОН УЧИЛИШНИОТ ДВОР ВО ПОДРАЧНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ,,КОЧО РАЦИН,, ОД ОГЊАНЦИ,И 300 МЕТРИ ПАТ Е ТАМПОНИРАН ВО БЛИЗИНА НА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО ПЕТРОВЕЦ.

560253_1551360761800475_3721537621415199371_n995611_1551360828467135_3275041178370796746_n1545966_1550778168525401_3671669146258222859_n1601549_1550778208525397_1982447722884939753_n10361966_1551360795133805_8375155774074021749_n10404900_1550778321858719_6754467472695613369_n10409543_1550778015192083_7362777508140142123_n10479726_1551360931800458_2962421062300855121_n10488390_1551360475133837_8054313902219658177_n10915226_1550777868525431_2326539531299016950_n10955770_1550778185192066_7340814765354665110_n
 

ИЗГРАДЕН НАСИП НА РЕКАТА ПЧИЊА ВО ГОРНО КОЊАРИ

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ АНГАЖИРАШЕ МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ЗАШТИТЕН НАСИП И ВЕКЕ Е ИЗГРАДЕН НАСИП НА РЕКАТА ПЧИЊА ВО ГОРНО КОЊАРИ ВО ДОЛЖИНА ОД 250 МЕТРИ ЛЕВО И ДЕСНО ОД МОСТОТ.ОВОЈ НАСИП ВИСОК 4 МЕТРИ БИ ТРЕБАЛО ДА ЈА ЗАДРЖИ НАДОЈДЕНАТА ВОДАТА ПОДАЛЕКУ ОД КУЌИТЕ ,А ПРИЧИНА ПОРАДИ КОЈА  Е НАПРАВЕН ОВОЈ ЦЕКОР Е ЗАЧЕСТЕНОТО ИЗЛИВАЊЕ НА РЕКАТА ПЧИЊА СО НАДОАЃАЊЕТО НА ВОДИТЕ ПО ПОРОЈНИТЕ ДОЖДОВИ И ПОПЛАВУВАЊЕТО НА ДЕ ОД КУЌИТЕ ВО ГОРНО КОЊАРИ. 

1012986_1551152761821275_751632256002013654_n1508151_1551152678487950_8009267364914695326_n10354161_1551152871821264_2538146149062031134_n10362534_1551152891821262_179845027414211006_n10931116_1551152778487940_8988872597922252750_n10942745_1551152771821274_5634389780258291092_n10952065_1551152775154607_5139328286336757385_n10959690_1551152908487927_5422442850797259255_n

 

Парно греење во ОУ."Братство Единство"

Учениците на подрачното училиште ,,Братство - Единство,,од Долно Коњари во првиот учебен

ден од второто полугодие добија парно греење и молерисани чисти простории со сретства

обезбедени од буџетот на Општина Петровец ,со што сега ќе можат да ја изведуваат

наставната програма во попријатна атмосфера.
12345HPIM6432HPIM6437HPIM6441HPIM6457HPIM6463HPIM6465HPIM6466
 

ДЕСЕТТИНА НОВИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ЗА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ

           За само еден месец влез на десетина инвеститори на територијата на Општина Петровец во мултифункционалната зона Ќојлија,Долно Коњари и Ржаничино. Бројни домашни и странски компании купија земја за различни намени, од хотели до лесна индустрија, прехрана, логистика.Тука спаѓаат следниве десетина фирми кој инвестираа во овие зони со купување на земјиште и тоа ЕУРО ПРОГРЕС (13.343 м2),  АКВА ВИТ-Куманово (70.661 м2),   ДИЕМ ГП-Гевгелија (6.893 м2),  СУБСТРАТ ХОЛАНД (4.611 м2), ДЕЛФИНА-РЕНТА КАР (2.709 м2),  КЕНТАУР – ИМПЕКС (12.654 м2) , ДЕНИШПЕД (18.977 м2) и  ИКК-МАК ДООЕЛ (1.711 м2).

      Индустриската зона Ќојлија која се протега спроти скопскиот аеродром ,,Александар Велики,, по површина е најголема во земјава. Индустриската мултифункционална зона Ќојлија се протега на површина од 195 хектари, а наскоро се планира да се прошири на уште 28 хектари. Се очекува за 3 - 4 години години ова да биде огромна индустриска зона во која илјадници луѓе ќе го најдат своето работно место.

invest

 

ПУШТЕН ВО РАБОТА ПРВИОТ ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ ВО ЗОНАТА ЌОЈЛИЈА

Во индустриската зона Ќојлија во општина Петровец на 14.12.2014 година официјално беше пуштен во употреба првиот готов објект на кое пуштање присуствуваше Министерот за транспотр и врски г-ин Миле Јанакиевски, градоначалникот Борче Митевски како и Снежана Кокраволчевска, сопственикот на Глобекс и Глобко логистик. Станува збор на логистичкиот центар со површина од 3.500 метри квадратни на компанијата „Глобко логистик“ која се занимава со поштенски услуги, во кој се вработени нови 40 лица.

-  Досега во зоната се продадени 75 локации, а од нив 27 веќе имаат извадено одобрение за градење. Дел од нив се во подгответелна фаза, а дел најавуваат почеток на градба во март идната година. Се очекува за четири до пет години ова да биде огромна индустриска зона во која илјадници луѓе ќе го најдат своето работно место.

20141214_12270820141214_122716

Индустриската зона се прогега на површина од 195 хектари, а наскоро се планира да се прошири на уште 28 хектари. Лоцирана е на влезот на аеродромот „Александар Велики“ во непосредна близина на автопатот Е-75 и на железничката пруга.Токму тоа,  заедно со ниската цена на комуналиите од само 34 евроценти по метар квадратен и ниската почетна продажна цена на градежното земјиште се главните причини за големата заинтересираност за локациите во зоната.

 Трудот вложен во изминатите три-четири години почна да излегува на виделина со пуштањето во употреба на објектот на Глобко логистик. Во негова непосредна близина започнаа подготвителните работи за изградба на хала од 8.000 метри квадратни, а издадено е и одобрение на турски држвајанин за изградба на хотел на самиот влез на Аеродромот од 24.000 метри квадратни, Тинекс ќе гради хала од 12.000 метри квадратни .

Инвеститор на објектот на Глобко логистик, што се изгради за нецели девет месеци и што чинеше речиси два милиона евра, е фирмата Глобекс, која има дозвола за изградба на уште еден објект од 3,500 метри квадратни во зоната Ќојлија.

20141214_12283820141214_123556

- Веруваме дека тој објект ќе се изгради во текот на 2015 година, а до крајот на 2017 година очекуваме да се изградат хали со вкупна површина до 15.000 метри квадратни на нашата локација во зоната која има површина од 22.000 метри квадратни, рече Снежана Кокраволчевска, сопственикот на Глобекс и Глобко логистик

Таа посочи дека во компанијата во овој момент работат 200 работници во сите 18 подружници низ Македонија. Покрај логистичкиот центар во Петровец комкпанијата има неколку подружници на повеќе локации  во Скопје, како и во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Штип и Кочани.

 

Страница 5 од 15

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>