Вести

Новоизградена камбанерија во црквата Св.Илија во Огњанци

   Општина Петровец  секогаш  била отворена за соработка и финансиски ги помагала  верските заедници како од христијанска така и од муслиманска вероисповед.За изградба на нова камбанерија во црквата Св.Илија во Огњанци  општината донираше  60.000 денари.

HPIM1780HPIM1789HPIM1803
 

МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ "БОРИС ТРАЈКОВСКИ 2014"

    Традиционално и оваа година учесниците на МЕМОРИЈАЛНИОТ МАРШ ,,БОРИС ТРАЈКОВСКИ,, поминувајки низ територијата на Општина Петровец беа пречекани од градоначалникот  Борче Митевски каде покрај убавите разменети мислења  со градоначалникот, беа почестени и со освежителни пијалоци  и храна ,со што го продолжива патот кон гробот на загинатит претседател. 

DSC_3375DSC_3429DSC_3433DSC_3445DSC_3455
 

Водици 2014

   На 19.01.2014 година на големиот христијански православен празник  ,,Богојавление крштевањето христово,, - Водици се изврши осветување на водите и фрлање на светиот живототворен крст во водите на реката Пчиња. На оваа свечена манифестација присуствуваа Градоначалникот на Општина Петровец  г-ин Борче Митевски  и голем број на гости и жители од сите краеви на општината.

За среќникот  Кристијан Димитриевски од Петровец  кој  од водите на реката Пчиња го извади крстот, му беа доделени вредни поклони од присатните и ЛЕД телевизор од градоначалникот Борче Митевски.
По завршувањето на оваа манифестација, во Црквата Св.Недела се организираше свечен ручек по повод големиот христијански православен празник ВОДИЦИ.

20140119_12061920140119_12090520140119_12290720140119_12292020140119_123002
 

ДОДЕЛУВАЊЕ ХУМАНИТАРНА ПОМОШ - ОГРЕВНО ДРВО И ПРЕХРАНБЕНИ ПАКЕТИ

По повод новогодишните и божиќните празници Општина Петровец за триесет најсиромашни

жители во општината подели прехранбени и хигиенски пакети .Во склоп на оваа хуманитарна

акција за коледартските огнови се поделија 30 м3 огревно дрво,и во тек е доделување на

уште 40 м3 огревно дрво за примателите на социјална помош и сиромашните домаќинства.

Градоначалникот Борче Митевски традиционално секоја година по повод верските празници

доделува ваков вид на хуманитарна помош за најсиромашните граѓани. 20140106_13344520140106_14050820140106_141525HPIM0986HPIM1009HPIM1010HPIM1021HPIM1024HPIM1031HPIM1046HPIM1047HPIM1053
 

ДЕН НА ДРВОТО 2013

По повод големата акција за засадување на нови садници „Ден на дрвото“, градоначалникот Борче Митевски и општинската администрација засадија нови садници во кругот на општината , во Централното Основното Училиште ,,Коцо Рацин,, Петровец и во кругот на другите подрачни училишта.На оваа акција учество земаа и голем број на ученици и жители од месните населенија.

HPIM0343HPIM0342HPIM0359HPIM0363
 

Страница 10 од 15

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>