Вести

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА ВО Н.МЕСТО ОГЊАНЦИ

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО ОГЊАНЦИ ВО ДОЛЖИНА ОД 170 М

Општина Петровец продолжува со асфалтирање на улици според предвидениот план .Во населено место Огњанци се асфалтира улица во должина од 170 метри и плоштадот во центарот на Огњанци.Со оваа активност, грдоначалникот Борче Митевски исполни уште едно ветување до жителите на ова населено место , но тука нема да се засатане во подобрувањето на условите за живеење во ова населено место.

20141128_160014HPIM5783HPIM5789HPIM5793HPIM5794HPIM5796
 

ПЕТРОВЕЦ , НАЈДОБАР НА ,,ТРОФЕЈ НА СКОПЈЕ,,

На првиот турнир во таеквондо „Трофеј на Скопје“ учествуваа 260 натпреварувачи од 9 земји. Беа прикажани квалитетни борби, а најдобар клуб во вкупниот пласман од сите категории е ТК Петровец со скор (7 први, 7 втори и 8 трети места), пред ААМ Приштина (6-3-3) и Олимпик арт (4-5-4).

Никол Чорбанов (-53 кг) од Таеквондо фитнес беше најдобра во сениорска клонуренција А-класа, додека кај мажите победник е Висар Питуши (-68 кг) од Аполонија. Радица Петрова (-59) од Таеквондо фитнес го освои првото место во јуниори А-класа пред Марија Пешевска од Делини. Кај јуниорите Б-класа најдобар беше Дан Бериша (+73) од Олимпик арт, а кај жените Стефи Ристовска (+63) од Комбат центар корјо.

По тој повод градоначалникот Борче Митевски ги повика учесниците во својот кабинет и ги почести и удостои натпреварувачите а воедно им вети дека секогаш ќе ги поддржува и помага финансиски колку што е во можност општината,и им посака успешни натпревари и уште многу освоени пехари и медали.

HPIM3029_-_CopyHPIM3035HPIM3037HPIM3050Trofej-Skopje

 

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ СЕ ПРИДРУЖИ НА АКЦИЈАТА ,,МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД,,

Голем број учесници од  Општина Петровец се придружија кон  проектот ,,МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД,, и се чистеше насекаде низ училиштата и местата со отпад .Овој проект има за цел  да се излезе на терен и да се сочува околината чиста и за истата да се грижи секој граѓанин.  Проектот „Македонија без отпад“, кој е дел од националната кампања, а е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, поддршка дадоа и Министерстовто за локална самоуправа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, Дирекција за заштита и спасување, Генерал штаб на Армијата на Македонија како и повеќе владини и невладини институции. Општина Карпош ја поздравува оваа акција и активно е вклучена во подигање на свеста кај граѓаните во главниот град но и на целат територија на Република Македонија.

HPIM5402HPIM5405HPIM5409HPIM5412HPIM5413HPIM5420HPIM5422HPIM5425HPIM5435HPIM5443HPIM5449HPIM5453

 

САНАЦИЈА НА ПОЛСКИТЕ ПАТИШТА

Општина Петровец изврши санација на најлошите и тешкопроодни патишта по кој треба земјоделците да се движат и пристигнат до својте земјоделски површини.Ваква интервенција со порамнување и посипување со крупен песок е направена на патиштата на кој поголем период од годината се задржува вода,со што самото движење по овие патишта  станува отежнато.Вакви интервенции ќе продолжат да се вршат на сите критични и непроодни места се со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците во извршувањето на својте обврски.

20141018_10261320141018_10263320141018_10264520141018_103514

 

СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ ВО КАТЛАНОВО

СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ ВО КАТЛАНОВО

На 05.10.2014 се пушти во употреба плоштадот во центарот во Катланово со сечње на лента , каде Градоначалникот Борче Митевски се обрати пред присатните жители . Овој модерен плоштад направен по сите стандарди на Катланово му даде нов лик.Тука жителите на ова населено место ќе можат да се дружат,одмараат и забавуваат.Плоштадот е со површина од 650 м2 а вредноста на оваа инвестиција е 1.000.000 денари ,сретсва обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.Со овој проект  Градоначалникот Борче Митевски исполни уште едно свое предизборно ветување дадено кон жителите на ова населено место.

HPIM2727HPIM2737HPIM2738HPIM2749HPIM2751HPIM2754HPIM2762HPIM5272HPIM5275HPIM5277

 

Страница 6 од 15

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>