Населени места

There are no translations available.

На територијата на Општина Петровец егзистираат 17 (седумнаесет) населени рурални места, кои според местоположбата се распределени во три рурални центри:
• Петровец - седиште на Локалната самоуправа, во кое се опфатени селата: Ржаничино, Огњанци, Ќојлија  и Чифлик;
• Катланово во кое се опфатени селата: Брезица, Градманци, Летевци, Бадар, Блаце и Кожле;
• Средно Коњари во кое се опфатени селата: Долно Коњари, Горно Коњари, Сушица и Дивње.

Според ,,Службен весник на Р.М. бр.28/05,, во Општина Петровец од 17 опфатени населени места, егзистираат десет изразито неразвиени села: Бадар, Блаце, Брезица, Градманци, Кожле, Летевци, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари, Сушица и Дивље.

 

Share