Географска положба

There are no translations available.

 

Општина Петровец се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската Котлина и непосредно припаѓа на долното сливно подрачје помеѓу реката Вардар и реката Пчиња. Во западниот дел, десно од реката Пчиња, која протекува на средина од подрачјето на Општина Петровец, се наоѓа рамништето на Скопско поле, додека на левата страна од реката, покрај нејзината алувијална рамнина спрема Отовичкото подрачје, се издига ридско земјиште како просторен дел познат под името Катлановско Брдо

Општина Петровец се граничини со 7 (седум) соседни општини:

• од север со Општина Гази Баба, Општина Илинден, и Општина Куманово;

• од исток со Општина Свети Николе и Општина Велес;

• од југ со Општина Велес; и

• од запад со Општина Зелениково и Општина Студеничани.

 

 

Општина Петровец се одликува со поволна географска положба:

• Оддалеченост 17 км од главниот град Скопје;

• Оддалеченост 5 км од аеродромот ,,Петровец,, - Скопје;

• Се простира по автопатот Е-75, Скопје-Гевгелија-Солун;

• Се простира по регионален пат Р-103, Скопје - Велес;

• Оддалеченост 10 км од магистрална пруга Скопје-Белград.

 

Share