НОВ ПУНКТ НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО ПЕТРОВЕЦ

Градоначалникот Борче Митевски на 16.11.2015 година одржа средба со граѓаните и

подетално ги информираше околу донесената одлука на Здравствениот дом Скопје да се

отвори нов пункт за Итна медицинска помош во Петровец.Оваа одлука е од голем интерес на

граѓаните кој имаат потреба од ваква услуга кој за многу кратко време ќе може да пристигнат

до одредената здравствена установа.Времето на пристигнуванје и укажување на итна

медицинска помош е во голема мера скратено.Оваа одлука беше поздравена од жителите на

Општина Петровец кој воедно до градоначалникот упатија и други барања поврзани со

здравствените услуги а се со цел подобрување на условите за живеење во оваа општина. Ова

е многу значајна мерка имајќи предвид дека службата за Итна медицинска помош при

Здравствен дом Скопје е прва линија на давање итна и 24-часовна здравствена заштита во

делот на ургентна вонболничка медицина за потребите на населението.

12345

Share