ПОД-ПРОЕКТ „ИЗГРАДБА НА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ КОЧО РАЦИН“

Општина ПЕТРОВЕЦ преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот „Изградба на ОУ Кочо Рацин".

Имплементацијата на проектот предвидено е да трае 18 месеци.

Проектот предвидува рушење на постојниот објект на ОУ „Кочо Рацин" и изградба на нов училишен објект на истата катастарска парцела каде е лоцирано старото училиште, со цел создавање на посовремени услови за одвивање на наставата, како и зголемување на капацитетот на училиштето.

Новиот објект предвиден е на две нивоа – приземје и кат, со капацитет за 684 ученици. Просторот околу објектот е предвидено да биде инфраструктурно уреден со пешачки патеки, пристапни улици, паркинг простор и зеленило.

Подетални информации околу самиот под-проект се презентирани во Проектниот докумет кој во електронска форма може да го пронајдете на следниов ЛИНК или пак директно може да го контактирате лицето м-р Дарко Тинтоски

Share