ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИНА МРЕЖА ВО ПЕТРОВЕЦ

Logo

Подготовките околу проектната документација за  изработка на канализационата мрежа во н.м Петровец е во завршна фаза  и  се очекува нејзиното  поставување  да  започне во месец Мај, кога условите за овие градежни работи ке бидат задоволени.

Изградбата на канализационата мрежа ке се врши во три фази.
Како прва фаза се предвидува изгрдба на канализациона мрежа во н.м Петровец кој го опфаќа централниот дел на Петровец. Должината на примарниот цевовод  изнесува 1400 метри. Примарниот колектор поминува  покрај локалниот пат  Петровец – Огњанци. Поради теренските услови се предвидува и изградба на препумпна станица од каде отпадната вода ке се води во пречистителната станица  која ке биде лоцирана на излезот од Петровец во правец кон Огњанци.

  • Во прва фаза  ке се приклучат  домакинствата  од  централниот дел на Петровец.
  • Втората  фаза  - доградба и ширење на канализационата мрежа на подрачјето на Петровец.

  • Фаза  три – е предвидена потполна покриеност  на  н.м Петровец  и  н.м Р`жаничино со пречистителна станица  во н.м Р`жаничино.

tn TNO

Share