Општина Петровец од денес 01 Фебруари, самостојно управува со државното градежно неизградено земјиште

1Општина Петровец од денеска самостојно управува со државното градежно неизградено земјиште, кое ќе може  го  продава преку електронски јавни наддавања. Надлежностите за менаџирањето со земјиштето од Министерството за транспорт и врски на градоначалникот на Општина Петровец му ги пренесе министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески  при посета на општината. Петровец е 16. општина во Македонија  која ќе управува со градежното змејиште.


3  2

                            - Во наредниот период Општината ќе  урбанизира дополнителни 200 локации за индивидуални куќи и над 50 локации за индустриски објекти  со што драстично ќе се зголеми понудата за градежно змејиште, а од друга страна ќе се создаде простор за отворање нови фабрики и поквалитетен живот за граѓаните, изјави Јанакиески, истакнувајќи дека очекува општината совесно да управува со земјиштето.
Општина Петривец, оцени, е добар пример  за соработка меѓу централната и локалната власт и како треба да се урбанизира земјиште. Во последниот период, наведе, успеавме да продадеме 32 локации, најголем дел за  лесна индустроја односно мали фабрики,  дел за индивуидуално домување, како и една  локација за голем трговски центар кој ќе се гради во наредните две години.
Министерот за транспорт апелира  до сите општини што е можно побргу да  ги урбанизираат земјиштата на нивна територија пред се локациите за индивидуални куќи и за индустриски објекти  бидејќи имало големо побарување, но и како надополнување на  владиниот проект „Купи куќа - купи стан“.
- Поради тоа, неопходно  е општините да урбанизираат односно да овозможуваат локации за изградба на куќи,  а исто така и  за индустриски објекти бидејќи Владата промовира политика со која почетната цена за вакви објекти  е евро за метар квадаретен, а комуналиите се намалени до 95 проценти, појасни Јанакиески.
Градоначалникот Митевски истакна дека  општинската администрација е подготвени за менаџирање со земјиштето и оти избилива со подготвени прокети за отуѓување на градежно земјиште како за лесна индустрија, така  и за домување.  Интересот, истакна Митевски, е голем бидејќи локациите кај што се направени  проектите се во непсоредна близина на аеродромот.

- Во завршна фаза сме на уште два проекти за земјиште со површина од 70 хектари, а во почетна фаза и за проект  Ржничино  - Катланово каде земјоделското земјиште со површина од 80 хектари во должина од четири километри ќе го пренамениме во градежно, со цел да излеземе во пресрет на барањата на инвеститорите. Правиме се на инвеститорите кои не купиле парцели а имале интерс да им излеземе во пресрет, изјави Митевски.
Општина Петровец од претходната продажба на земјиштето инкасирала 1,5  милиони  евра, кои ги искористила за подобрување на инфраструктурата. Таа, укажа Јанакиески, е една од првите  општини која ги исполнила сите услови и достави квалитетни проекти за реализација на програмата за подобрување на водоводната и  канализациската мрежа што се реализира преку Европската инвестициска банка. Наредната недела  ќе има јавен повик за избор на   компанија која ќе го гради канализацискиот систем во општината. Инвестиција  изнесува 12 милиони денари.
Овластувања за управување со неизградено градежно земјиште досега добија општините Струга, Струмица, делчево, Виница, Берово, Кочани, Илинден, Пробиштип, Штип, Гевгелија, Битола, Демир капија и Велес, како и скопските општини Карпош и Кисела Вода. За да ги преземат  надлежностите од Министерството за транспорт, општините треба да имаат воспоставено систем за самостојно реализирање на електронски јавни наддавања за отуѓување на земјиштето, развиено и усвоеноа Годишна програма за управување со државно градежно земјиште и минимален број лиценцирани општински службеници.

Share