Амбасадорот на Јапонија во посета на Општина Петровец

DSC03848По повод проектот на  JCCP, Општина Петровец  беше посетена од Амбасадорот на Република Јапонија Шигео Иватани. Амбасадорот со сопругата и уште двајца членови на Јапонија го посетија Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски  разговараа и делеа мислења за почетокот на проектот, текот на самиот проект и за тоа што се е донирано во нашата општина од страна на Јапонската Амбасада.

Како знак на благодарност градоначалникот Борче Митевски му подари традиционални подароци на Амбасадорот и заедно во дворот на општината засадија дрва во чест на проектот. Истотака во дворот на општината официјално од страна на амбасадорот му беа предадени на Градоначалникот клучевите од донираните возила. По посетата во општината Амбасадорот заедно со останатите членови и Градоначалникот го посетија О.У,, Кочо Рацин,, и  срдечно беа пречекани од  директорот и учениците. Учениците како дел од проектот на амбасадорот му  презентираа што се тие  реализираат заедно со претставниците на  JCCP и во што се се состои нивната улога во самиот проект. После посетата во работилницата, амбасадорот со дел од учениците заедно во школскиот двор засадија дрва и делеа мислења околу текот на проектот.

DSC03783 DSC03786 DSC03820 DSC03827 DSC03851 DSC03834 DSC03861 DSC03862 DSC03872 DSC03888 DSC03890 DSC03920 DSC03942 

Share